Ковачевски утре во Белград на средби со Вучиќ и Брнабиќ
Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе се состане во Белград со премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски во зградата на Генералниот секретеријат на претседателот на Србија, соопштија од службата за соработка со медиумите на претседателот Вучиќ.
Во соопштението се наведува дека средбата ќе се одржи во 09:00 часот, а по средбата ќе биде проследено соопштение.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, официјалната посета на Белград македонската делегација предводена од премиерот Ковачевски, во која се и повеќе министри, ќе продолжи во Палата Србија каде што ќе има официјална церемонија на пречек и тет-а-тет средба со премиерката на Србија Ана Брнабиќ, по што ќе се одржи пленарен состанок на владините делегации, по кој премиерите ќе одржат прес-конференција.
Како што соопштија од Канцеларијата за соработка со медиумите на српската Влада, предвидена е и церемонија на потпишување на повеќе документи во присуство на Брнабиќ и Ковачевски.
Вчера македонската Влада ја разгледа и усвои Информацијата за Меморандум за разбирање меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Србија, за мерките за подобрување на движењето на лица и стоки преку заедничката државна граница и го прифати усогласениот текст.
Целта на Меморандумот, според предлагачот, Канцеларијата на претседателот на Владата, е заеднички да се разгледаат можностите и да се преземат мерки за подобрување на движењето на луѓе и стока преку државната граница меѓу Северна Македонија и Србија, особено преку граничниот премин Прешево – Табановце.
Со Меморандумот, двете страни ги разгледуваат можностите за проширување на пристапните патишта до граничниот премин, поставување или подобрување на сообраќајната сигнализација, воспоставување нови процедури за гранична контрола за забрзано преминување на патниците и проверка на лица и возила на граничниот премин.
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за склучување Меморандум за разбирање - проект за електронска наплата на патарина – воспоставување интероперабилен електронски систем за наплата на патарина и го прифати усогласениот текст на Меморандумот.
Овој Меморандум, според предлагачот, Министерството за транспорт и врски, е со цел да се поддржат напорите на Владата на Северна Македонија и Владата на Србија да се придонесе за исполнување на целите за слободно движење на луѓе, стоки, услуги, капитал и отворени граници, како и продолжување на развојот, модернизацијата и интеграцијата на патната инфраструктура на земјите од Западен Балкан.
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
