Спасовски: За регистарските таблички ќе донесеме решение кое ќе биде најдобро за граѓаните
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со најавеното можно решение за употреба на налепници на регистарските таблици, наместо да се издаваат нови како обврска од Преспанскиот договор, истакна дека тоа решение е во напредна фаза, но на крајот ќе се разговара на седница на Влада за конечното решение.
-Како МВР сметаме дека едно од решенијата е да се стават налепници. Со налепници практично без некаков трошок или многу мал трошок, да се задоволи тој законски момент, рече министерот Спасовски во утринската програма на Националната телевизија.
Тој посочи дека има три категории на возила, на граѓани кои поседуваат такви возила.
-Имаме регистарски таблици со три бројки кои се многу стари, кои не се променети воопшто, имаме околу 220-230.000 кои практично се со МК и нови таблици со четири бројки кои треба да се променат и уште толку кои веќе се променети, значи преку 220-230 илјади кои се променети,
истакна Спасовски.
Министерот Спасовски нагласи дека најважно за МВР е да се донесе најдоброто решение.
-За нас е важно да го донесе најдоброто решение за граѓаните и да се остави опционална можност, ако сака граѓанинот да ја смени табличката, ако сака да стави налепница. Тоа би било едно од можните решенија. Јас очекувам дека наскоро ќе го дефинираме и ќе излеземе пред јавноста. Ние стоиме на располагање преку измени во упатства да имаме поповолно решение за секој од нас, рече министерот Спасовски.
Ново на Сител
-

Oткриен обид за шверцување 4.800 пакувања никотински кесички во вредност од 1,2 милион денари
-

Дала 2.700 евра а барала да се вратат 15 илјади евра, уапсена 53 годишна лихварка во Струмица
-

Дете извадило нож во ОУ „Киро Глигоров“, мајката потпишала изјава дека ножот во ранецот го ставила по грешка
-

Милошоски: Сега е вистинското време за нов стратешки пристап кон проширувањето на Европската Унија
-

Претседателката Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бегај
-

Почина проф. д-р Кита Бицевска, истакнат македонски филолог и професор по славистика
-

Венс: Нема шанси САД да бидат во повеќегодишна војна на Блискиот Исток
-

Николоски: Државната статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај
