-->
-->
Детектор: Две третини од граѓаните сметаат дека учениците учат од лоши учебници
-->

Граѓаните се најнезадоволни од квалитетот на учебниците, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Дури 64,8% од нив изразиле незадоволство од квалитетот на учебниците додека како задоволни се изјасниле само 19,6%

Од наставните програми исто така има големо незадоволство. 56,8% од граѓаните рекле дека не се задоволни наспроти 22,1% кои рекле дека се задоволни. Од наставниот кадар не се задоволни 44,8% од анкетираните додека 36% немаат проблем со наставниците.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
-

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли
-

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
-

Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска
-

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“
-

Зеленски: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина
-

Локални врнежи од дожд и снег, магла во котлините
