Советот на Европа изрази загриженост поради употребата на сила на протестите во Франција
Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, вчера изрази загриженост поради „прекумерната употреба на сила“ против демонстрантите во Франција кои протестираат против пензиските реформи и ги повика властите да го почитуваат правото на протест.
„Се случија насилни инциденти, од кои некои беа насочени кон припадниците на безбедносните сили“, се вели во соопштението на комесарката
Сепак, спорадичните акти на насилство и прекршоци на некои демонстранти за време на протестите не можат да ја оправдаат прекумерната употреба на сила од страна на државните службеници, се додава во соопштението на Советот на Европа, чие седиште е во Стразбур, каде што исто така се одржаа протестите.
Комесарката додаде дека не може да се оправда ниту одземањето на правото на слобода на собир на луѓето и изрази загриженост за апсењето и приведувањето на одредени демонстранти и луѓе во близина на демонстрациите за дела кои „не оправдуваат прибегнување кон мерки кои се толку штетни во однос на правото на слобода и безбедност“.
„Насилството, од каде и да доаѓа, никогаш не може да се користи како средство за решавање на социјална или политичка криза“, рече таа, изразувајќи жалење што луѓе беа повредени и меѓу демонстрантите и безбедносните сили.
Според неа, насилството мора да престане бидејќи тоа е неопходен услов за ефективно остварување на слободата на изразување и собирање, како и за доверба меѓу населението и полицијата.
Во Франција, вчера, за време на протестите поради пензиската реформа беа повредени 441 припадник на полицијата и жандермеријата, а 457 лица беа приведени.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци