Прекин на сообраќајот на експресниот пат А2
Поради минирање, односно изведување на градежни активности за изградба на експресен пат А2 делница Длабочица-Чатал, денеска во периодот од 13 до 16 часот предвиден е прекин на сообраќајот на овој патен правец на потегот од село Ветуница со мостот на река Блидеш, информираат од АМСМ.
Како што соопштуваат оттаму, по минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе биде во прекин до расчистување на магистралниот пат.
Поради вградување на асфалтен слој, пак, од денеска до сабота затворен за сообраќај ќе биде и регионалниот пат Велес-Градско на делот од село Ногаевци до село Виничани.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Особено за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје