Ципрас: Неопходен е заеднички одоговор за бегалската криза
Ситуацијата околу бегалската криза е тешка и бара соработка на европско ниво за да се реши проблемот, изјави синоќа грчкиот премер Алексис Ципрас, пренесува Танјуг.
Ципрас, на состанокот со холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс истакна дека е неопходен заеднички одговор за бегалската криза и дека е потребно да се решат причините кои доведоа до кризата, како што е војната во Сирија.
Целта е приливот на бегалци да се сведе на минимум и да се разбијат групите на криминалци, наведе Ципрас.
Кундерс нагласи дека Холандија, како претседавач со ЕУ, се залага за консултации на европско ниво за решавање на бегалската криза.
Холандскиот министер во Атина допатува по посетата на Скопје, каде ги повика членките на ЕУ да не ги затвораат границите за имигрантите, потенцирајќи дека е важно да постои „ефикасна гранична контрола“.
Кундерс рече дека Холандија ќе продолжи до разговара со Австрија, Македонија и Грција со цел да се најде ефикасно решение за имигрантите и да се избегнат унилатерални мерки.
Според мислењето на холандскиот министер, се уште е можно да се избегне „домино“ ефект и да се спречи ситуацијата да излезе од контрола.
Кундерс укажа дека е потребно членките на ЕУ посебно да се грижат за ранливите групи имигранти, како жените и децата.
Ново на Сител
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност