Мебел паднал врз 16 месечното бебе од Струга, кривична пријава за родителите
Струшката полиција поднесе кривична пријава против неодговорни родителите на 16 – месечното бебе, кое пред еден месец било однесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ со тешки телесни повреди предизвикани од пад на мебел врз него.
СВР Охрид денеска соопшти дека поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, ОВР Струга поднела кривична пријава против А.М.(25) и неговата вонбрачна сопруга А.И.(21), двајцата од Струга.
– На 12 февруари годинава околу 11 часот, во СВР Охрид добиена е пријава дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга. По преземени мерки констатирано е дека во домот на пријавените врз малолетникот паднал дел од мебел, стои во информацијата.
По укажување соодветна помош во болницата „Свети Еразмо“ детето било испратено на Детска хирургија во Скопје со фрактури на градите, хематом на главата и други повреди по телото, но по прегледите биле утврдени и стари хематоми.
Ново на Сител
-

Инфантино најави можно проширување на мундијалскиот формат со 64 репрезентации
-

УХМР: Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Велес, денес сончево и до 34 степени
-

Основање на Кинеско - македонска стопанска комора
-

Најмалку 27 жртви во пожар во ноќен клуб во Банкгок
-

Јаник Синер ја одбрани титулата на Вимблдон
-

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година
-

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати
-

САД и Иран продолжија со меѓусебните напади
