Македонија
2. March 2023 - 12:24
По цели 40 години ќе се реконструира Специјалната болница за нефрологија во Струга
Ќе се реконструира Специјалната болница за нефрологија во Струга. Нешто над 24 милиони денари ќе бидат вложени со цел да се подигне енергетската ефикасност како и да се подобрат условите за вработените и пациентите во објектот каде се врши хемодијализа.
Болницата, располага со потребниот медицински кадар а со реализацијата на предвидените активности значајно ќе се подобрат условите за развој на здравствениот туризам.
Објектот е изграден 1984 година а изминативе 4 децении немало поголеми градежни зафати, реконструиран е само покривот каде редовно 110 лица се на хемодијализа.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->