ССМ: Синдикатите обединети против Предлогот на закон за системот на плати во јавниот сектор
Синдикатите од јавниот сектор се едногласни дека со предлогот на Законот за системот на плати во јавниот сектор се намалуваат правата на работниците во делот за платите и се елиминира можноста за уредување на оваа материја со колективните договори, со што значително ќе се влијае на укинување на колективните договори во јавен сектор во кои се уредени системот на плати и нивната исплата, велат од Сојузот на синдикати на Македонија, псочувајќи дека ССМ предупредуваше на ова и во изнинатиот период.
На денешниот состанок на кој учествуваа речиси сите сојузи, конфедерации и грански синдикати од јавниот сектор, синдикатите, според ССМ, искажаа несогласување со Законот за системот на плати во јавниот сектор и го демонстрираа своето единство против намерата на Владата „да стави рака врз колективното договарање во јавниот сектор и со тоа да ги укине колективните договори“.
Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека како единствен репрезентативен синдикат во јавен сектор, ниту пак која било друга Конфедерација или пак грански синдикат, во ниту еден момент не биле ниту вклучени, ниту информирани дека Владата подготовува Предлог на закон за системот за плати во јавниот сектор.
Состанокот се одржа во рамките на Синдикалната школа организирана од Самостоен синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) на тема „Новиот нацрт закон за состемот на плати во јавниот сектор и неговото влијание на улогата и значењето на синдикатите и на колективното договарање“.
Ново на Сител
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
