Каевски: ВМРО-ДПМНЕ побара поскап леб за народот
Почитувани граѓани, почитувани работници,
ВМРО-ДПМНЕ денеска јавно побара поскап леб за граѓаните.
Среде криза, наместо да застане во заштита на стандардот на граѓаните, наместо да застане зад народот, ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на милионски профити.
Заслепени од луксузот во Белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ е против стандардот на народот.
Тоа е истата криминална партија која 11 години ги осиромашуваше граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ беше против минималната плата, против помошта за граѓаните во време на ковид падемијата, против антикризните мерки во време на светска енергетска и економска криза.
Уште еднаш се потврди дека СДСМ е на страната на граѓаните штитејќи го нивниот стандард. ВМРО-ДПМНЕ е на страната на профитерите, на оние кои злоупотребуваат мерки за помош на граѓаните.
Со помошта од државата за далеку поевтина цена на струјата, со моменталните цени на брашното, на горивата и гасот, 450 грама леб не би требало да има цена повеќе од 33 денари вклучувајќи 6 денари како профит што останува кај пекарите
Почитувани,
Додека Димитар Ковачевски го штити стандардот на граѓаните, Христијан Мицкоски застанува зад профитерите во време на криза.
Денешниот став на ВМРО-ДПМНЕ за пекарниците е идентичен со ставот на Димитар Апасиев и Левица, кои исто така јавно поддржаа повисока цена на лебот за граѓаните.
Апасиев, лажниот борец за работнички права прв се јави, Мицкоски само ги следи неговите насоки објавени на социјалните мрежи.
Но во Белиот дворец треба да знаат дека никој не е над народот и над граѓаните. Нема да дозволиме народот да осиромашува а некој да се богати на нивна сметка.
Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Центар за комнуикации на СДСМ
Ново на Сител
-
Виткоф му одговара на Хамас дека нивните барања се „целосно неприфатливи“
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност