-->
-->
Приведена скопјанка, одзела лекови од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде работела
-->
Во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, вчера во 13:30 часот полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода А.О.(28) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „послужување“, казниво по член 240 од Кривичниот законик.
При преглед во нејзиното возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, информираа денеска од МВР, биле пронајдени лекови во вид на ампули кои ѝ биле доверени и за кои била задолжена на Клиниката каде што била вработена.
Предметите биле одземени и вратени на одговорното лице во Клиниката.
Со А.О. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
