Стара мумија пронaјдена во торба-ладилник во Перу
Перуанската полиција соопшти дека изминатиов викенд запленила мумија стара 600 до 800 години во торба-ладилник за испорака на храна. Сопственикот на торбата притоа рекол дека „неговата“ мумија долго време му била „состанарка“.
Мумијата била пронајдена во областа Пуна на Андите. Хулио Сезар Бермехо (26) е притворен. Министерството за култура нареди заплена на мумијата заради заштита и зачувување на културното наследство, соопштија перуанските власти.
Бермехо одрекува дека сакал да ја продаде мумијата, но признал дека ја чува во ладилник за да ѝ ја покаже на пријател, а потоа би ја дал во музеј. Тој раскажал и дека татко му ја зел мумијата пред 30 години од полицаец, кој му должел пари и археолошкиот наод го викал „Хуанита“.
„Таа е во мојата соба, спие со мене. Се грижам за неа, ја чувам. Таа ми е како духовна девојка“, изјавил младиот човек додавајќи дека мумијата „има енергија и го казнува ако тој се однесува лошо“.
Како и да е, стручните анализи велат дека „таа“ не е „Хуанита“, т.e. черепот е од маж, висок 151 сантиметар, кој починал на околу 45 години. Според властите, мумијата веројатно е пронајдена во источниот дел на Перуанските Анди и е стара 600 до 800 години.
Ново на Сител
-
Неготино: Маж ја натепал својата сопруга, и извадил и нож
-
ЕУ одобри 13 милиони евра помош за Армијата
-
Скопјанка ја каснало куче скитник, при што паднала и се повредила
-
Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена
-
МВР: Кривични пријави за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца”
-
Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија
-
Уставен одлучи да поведе постапка за постапувањето на операторите со податоците на претплатниците
-
Иљази исплаќала пари на лица што не работеле на Токсикологија - поднесено обвинение