Руско Министерство за одбрана: Се урна беспилотно летало во Московската област, две се соборени на југот на Русија
Беспилотно летало се урна денеска во село во московската област, изјави локалниот гувернер, прецизирајќи дека направата најверојатно била насочена кон цивилна инфраструктура.
Руските власти денеска соопштија за неколку соборени украински беспилотни летала на територијата на Русија.
„Нема жртви ниту разурнувања на теренот“, изјави гувернерот Андреј Ворбојов преку Телеграм, наведувајќи дека дронот се урнал во близина на градот Губаково, на околу 100 километри југоисточно од Москва.
Москва денеска соопшти дека во текот на ноќта соборила две украински беспилотни летала кои биле насочени кон цивилна инфраструктура на југот на Русија.
„Киевскиот режим се обиде со две беспилотни летала да ги нападне локациите на цивилната инфраструктура во Краснодарската област и во Република Адигеја“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Министерството додаде дека двете беспилотни летала се „неутрализирани“ и дека не е предизвикана штета.
Ново на Сител
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа
-

Мицкоски ќе се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“
-

Јемен испали ракета кон Израел
-

Зеленски: Украина преговара со земјите од Блискиот Исток за набавка на дизел
-

Без вода делови од Стајковци и Сингелиќ
