Фон дер Лајен и Сунак денеска во Лондон ќе разговараат за Протоколот за Северна Ирска
Британскиот премиер Риши Сунак и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе разговараат за договорот за Протоколот за Северна Ирска.
Канцеларијата на Сунак и Европската комисија потврдија во заедничката изјава дека двајцата лидери ќе се сретнат во Велика Британија за да разговараат за „голем број сложени предизвици“ во врска со договорот за Брегзит.
Најавата за состанокот дојде по зголемените шпекулации дека договорот меѓу двете страни наскоро може да биде објавен, а беа поттикнати од изјавата на вицепремиерот Доминик Рааб дека Велика Британија и ЕУ се „на дофат“ на договор.
„Денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот на Обединетото Кралство Риши Сунак се согласија лично да ја продолжат својата работа кон заеднички, практични решенија за низа сложени предизвици во однос на протоколот за Ирска и Северна Ирска. Затоа, претседателката Фон дер Лајен ќе се сретне со премиерот во Обединетото Кралство“, се наведува во заедничкото соопштение.
Протоколот, потпишан од поранешниот британски премиер Борис Џонсон во 2020 година, е осмислен да спречи „тврда“ граница со членката на ЕУ, Ирска, по Брегзит, така што ефикасно ќе ја задржи Северна Ирска на единствениот пазар на ЕУ.
Но, договорот ги налути пробританските унионисти поради трговските пречки што ги создаде меѓу Северна Ирска под британска власт и остатокот од Обединетото Кралство.
Ново на Сител
-

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност
-

Чолиќ: Јас сум во Загреб, семејството ми е добро
-

Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители
-

ССМ од 10 февруари почнува со блокади
-

Случај „Онкологија 2“: ФЗО плаќал за лекови без спроведени постапки и без фактури, одбраната бара укинување на притворот за Васев и Нухи
-

Усвоен извештајот за работата на Регулаторната комисија за домување од 1 јули до 31 декември 2025 година
-

Зафировски: Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите и во интерес на нашите граѓани
-

Автобус во движење изгоре на автопат кај Солун
