Нова Каледонија: Ајкула усмрти 59-годишен маж
Австралиски турист е убиен во напад на ајкула на преполна плажа во Нова Каледонија, француска колонија во Меланезија во југозападниот дел на Пацификот, објави денеска Гардијан.
Плажите во Нуомеа беа затворени откако 59-годишен маж почина во неделата по неколку каснувања од ајкула.
Мажот, наводно, пливал во близина на понтон на околу 150 метри од плажата Шато-Ројал во главниот град Нуомеи кога ајкулата го нападнала, соопштија властите.
Две лица, кои пловеле со чамец во близина, го однеле повредениот турист на плажата, каде итните служби се обиделе да го спасат.
Мажот имал тешки рани на ногата и двете раце и починал на местото на настанот.
Градоначалничката на Нуоме, Соња Лагард нареди затворање на повеќето плажи во областа.
Беа распоредени беспилотни летала за да ги следат ајкулите, а две беа забележани пред да бидат прекинати операциите, соопшти полицијата.
Локалниот обвинител Ив Дупас изјави дека е отворена истрага за инцидентот.
Минатиот месец 49-годишен пливач беше тешко повреден од ајкула, исто така во близина на плажата Шато-Ројал, а неколку дена подоцна беше нападнат сурфер, но тој не беше повреден, пренесува Танјуг.
Нова Каледонија е на 13-то место во светот по вкупниот број на напади на ајкули, според Природонаучниот музеј на Флорида, кој води евиденција за нападите на ајкули низ светот од 1958 година.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
