Туфегџиќ: Политичарите во Македонија во последните 3-4 години си земаа за право да судат место судиите
Македонските политичари си даваат за право да судат и да пресудуваат наместо политичарите, вели за Детектор поранешниот судија, а сега адвокат Владимир Туфегџиќ. Според него тоа е една од клучните причини поради кои граѓаните имаат многу ниска доверба во правосудниот систем.
„Политичарите во последните 2, 3, 4 години си земаа за право да си даваат квалификации на кривични дела, да судат и да пресудуваат, тие да огласуваат кој е виновен а кој не е виновен, да си коментираат судски одлуки со еден политички триумфализам кој нив во нивната база им носи политички поени, а тоа е билдање на членството и подгревање на политичкиот амбиент кој апсолутно нема никаква врска ниту со судот ниту со судството“ – вели Туфегџиќ за Детектор.
Како пример го наведе случајот Таргет Тврдина каде што тој беше еден од судиите во советот.
„Јас сум бил првиот тој што сум реагирал на оној политички триумфализам после објавата на пресудата за Таргет – Тврдија. Никој освен мене немаше апсолутно никаква реакција. Затоа сметам дека судството веќе ја пропушти својата шанса во корен да ги пресече сите тие работи“ – вели Туфегџиќ за Детектор.
Ново на Сител
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
