Левица: Работниците во јавното здравство оставени без јануарската плата
Додека пратениците кои имаат сопствени станови во главниот град навремено наплаќаат вртоглави суми пари за патни трошоци што обичниот народ не може да ги заработи за една година, јавните здравствени работници сè уште ја немаат земено јануарската плата што најчесто ја земаат околу десетти во месецот. A според законот доколку не се исплати платата во текот на денешниот ден, од утре почнува да тече каматa.
Политичката партија Левица апелира и потсетува дека Република Македонија нема можност лесно да го надокнади досегашниот одлив на здравствените работници. За да ги задржиме лекарите и другите здравствени работници треба да им се овозможи соодветна постојана и навремена материјална надокнада за нивниот труд. Државата треба постојано да работи и на подобрување на квалитетот на условите за работа со пациенти во клиниките и сите други здравствени установи.
Како единствена работничка партија, остро реагираме во врска со состојбата на здравствените работнци и апелираме до Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија и до раководствата на Јавните здравствени установи, веднаш да им се исплатaт платите на сите здравствени работници за месец јануари.
ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
