Општина Карпош ќе додели финансиска помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски на денешната прес-конференција информираше дека општинскиот совет едногласно донел одлука да се доделат финансиски средства од по 500.000 денари за Турција и Сирија, како помош за санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес што ги погоди двете земји. Покрај тоа, сите советници одлучиле да издвојат по 10 проценти од својот паушал, како и градоначалникот од својата плата.
Овие одлуки биле донесени на денешната вонредна седница свикана на барање на советничката група Левица, едногласно поддржана од сите советнички групи, со цел да се испрати помош на настраданите Турција и Сирија.
Како што посочи Јакимовски, солидарност покажале и вработените во Општина Карпош, кои што ќе издвојат дел од својата плата.
- Овие средства ќе бидат уплатени на посебна жиро сметка за солидарен фонд и во исто време ги повикуваме и правиме иницијатива до сите физички и правни лица на територија на општина Карпош да донираат средства на оваа отворена сметка се со цел да помогнеме на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија, изјави Јакимовски по завршувањето на вонредната седница.
Потенцираше дека Карпош е подигнат од светската солидарност по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година и во исто време упати апел до светските лидер да се отстрани блокадата за хуманитарна помош кон Сирија за да може да се испрати помош до настраданите.
- Карпош не заборава дека е подигнат и се развивал на светската солидарност во кој што сите бараки и сите руски згради, поликлиниката Букурешт, и други објекти се изградени од средствата на светската солидарност. Во исто време сакам да упатам апел до сите земји во светот да се тргне блокадата за хуманитарна помош кон Сирија. Режимот во Сирија е едно, страдањата и маките на граѓаните, на дечињата во Сирија се нешто сосема друго. Треба да бидат изземени од санкциите. Инсистираме да се овозможи оваа хуманитарна помош и за Арапската Република Сирија затоа што во вакви катастрофални состојби светската солидарност треба да биде на висина. Само да потсетам, кога беше земјотресот во Скопје, многу средства тогаш пристигнаа од западниот капиталистички свет иако Југославија тогаш беше социјалистичка држава и знаете како постоеше поделба по тој основ. Аналогно на тоа, исто така сметаме дека средства треба да се упатуваат и за настраданите во Сирија, нагласи Јакимовски.
Ново на Сител
-

39-годишен маж ги нападнал мајка си и сопругата
-

Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се намали бројот на повредени лица, наскоро информација и за казните
-

Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет, нула толеранција за загадувачите
-

Домашните миленици можат да имаат исто толку позитивно влијание врз менталното здравје како и брачниот партнер
-

Приведен 39-годишен кумановец на Табановце, во неговото возило се пронајдени стари монети
-

Следува стабилно, но студено време со температури до -10 степени
-

Магла на планинските превои Стража и Плетвар, патниот правец Бунец - Маврови Анови и во Крушево
-

Македонските ракометари денеска патуваат за Хрватска
