Владина делегација положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев
Во црквата „Св. Спас“ почна одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Пристигнати се претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби и министрите за внатрешни работи, одбрана и култура, Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска-Стојчевска, собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и делегации на државни институции, партии и граѓански здруженија.
Според најавите од бугарското МВР, се очекува да присуствува и бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов.
Во црквата „Св. Спас“ влез имаат само акредитирани делегации и новинари кои поминуваат низ повеќе безбедносни проверки.
Ново на Сител
-
Трамп подготвува нови санкции против Русија ако не се постигне примирје до крајот на април
-
Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора
-
Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија
-
УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
-
Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор
-
Трамп: Русија треба да се размрда