Андонов: Субвенционирана струја побараа уште 21 прехранбена компанија, 17 училишта и три комунални претпријатрија
За струја по фиксна субвенционирана цена до АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) се пријавиле уште 41 субјект, покажуваат податоците од последниот повикот што заврши на 20. минатиот месец. Новопријавени се 21 компанија од прехранбениот сектор, 17 основни и средни училишта и три јавно комунални претпријатија, информираше денеска Виктор Андонов, соработник за енергика во Владата.
Андонов на прес-конференција посочи дека не се пријавени уште 80-ина основни и средни училишта од вкупно 475 во државата и апелираше да се искористат можностите што ги нуди Владата.
Енергетскиот биланс за 1 февруари покажува дека вкупното домашно произвдоство на електрична енергија изнесува 19.172 мегават часови од кои 13.744 се од термоелектраните, а 5.428 од обновливи извори на енергија. Со ова производство, како што рече Андонов, целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Минатиот месец вкупното домашно произвдоство на електрична енергија изнесувало 561.350 мегават часови електрична енергија, за 29 проценти повеќе во споредба со истиот месец лани кога било 434.189 мегават часови
Ново на Сител
-

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов
-

Реакција на ЗНАМ
-

Трамп изјави дека имал „многу продуктивен“ телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски
-

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај
-

Трамп и Зеленски по средбата ќе имаат телефонски разговор со европските лидери, соопшти портпаролот на украинскиот претседател
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
-

Косовски државјанин се судрил со контејнери, семафор и повеќе автомобили, па продолжил да вози
-

Три возила се судриле на патот Охрид-Кичево, еден од возачите приведен
