ЦУК: Отстранета опасноста по мостот на Вардар и од локално поплавување во Неготинско
Отстранета е опасноста по мостот на Вардар и од локално поплавување во Неготинско, информираат денеска од Центарот за управување со кризи.
- Центарот за управување со кризи, по добиената информација на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, презеде превентивни координативни активности за да се отстрани опасноста по мостот на Вардар кај Неготино, кај село Пепелиште и од поголемо локално поплавување. Практично, пријавената опасност беше резултат од нанесените гранки и дрва, што беа како своевидна брана, на столбовите од мостот од надојдената вода на реката, појаснија од Центарот.
Регионалниот ЦУК Неготино известил дека од страна на водостопанство АД „Тиквеш“, подружница Кавадарци, вчера било извршено чистење и отстранување на дрвната маса и друга вегетација од бетонските столбови на мостот на реката Вардар, од патниот правец Неготино – Штип, близу село Пепелиште.
Ново на Сител
-
Барселона испратила барање до ФИФА да ѝ дозволи да учествува на Светското клупско првенство
-
Трамп отворен за идејата Путин да посредува меѓу Изрел и Иран
-
Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран
-
Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху
-
Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни
-
МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови