20 години затвор за таткото кој си го уби тримесечното бебе во Шутка
Обвинетиот Суад Бајрам (45) од Скопје, таткото обвинет дека го уби тримесечното бебе доби затвор од 20 години. Основниот кривичен суд Скопје денес го огласи за виновен за кривичното дело убиство при вршење на семејно насилство, пренесе МКД.МК.
Бајрам призна дека го сторил убиството и пред судиите изразил жалење и каење за стореното. Но, денес по изречената казна затвор од 20 години тој негодуваше дека тоа се многу години затвор и кажа дека очекувал помала казна бидејќи, како што рече, немало сега кој да се грижи за другите 3 малолетни деца. Бебето почина поради повреди и крварење во мозокот од ударите на таткото.
„Дваесет години затвор е многу висока казна. Јас сега има 45 години и до кога ќе седам во затвор? Имам уште 3 малолетни деца и за нив нема кој да се грижи. Мислев помала казна ќе добијам”, и се пожали обвинетиот на адвокатката.
По изречената висока затворска казна за стореното кривично дело обвинителката Марија Демирова Панајотова побара, а судот прифати да ми ја продолжи мерката притвор до правосилноста на пресудата.
„Со оглед на висината на затворската казна, начинот на кој што е сторено кривичното дело, како и тоа дека обвинетиот е безимотен, невработен, а и е веќе осудуван за ваков вид на кривично дело, односно се работи за криминогена личност, постои реална опасност од бегство и предлагам мерката притвор да се продолжи”, рече обвинителката Демирова Панајотова.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка