Ковачевски: МВР ќе направи проценка за евентуални гости од Бугарија
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва изјави дека Владата го задолжила Министерството за внатрешни работи да обезбеди мирно и достоинствено чествување на роденденот на Гоце Делчев, вклучително и да направи проценка за евентуалните гости.
Она што се дискутирало на седницата на Советот за безбедност е класифицирано како строго доверливо, вели Ковачевски во интервју за „360 степени“, но посочува дека претседателот на прес-конференцијата по седницата го кажал сублиматот
-Дефинирањето на влезот во државата на странски државјани се регулира со Законот за странци, каде што има член во којшто е наведено дека на државјанин на друга држава што сака да влезе во нашата држава, а доколку претставува закана по јавниот поредок, националната безбедност, меѓународните односи или по јавното здравје, може да му се забрани влез. Проценката за личностите, проценката за тајмингот ја прави Министерството за внатрешни работи, нормално, врз основа на информациите со кои располага и врз основа на информациите што ги споделува со другите безбедносни служби. Тоа ќе биде одлука на МВР. Она што јас би сакал да апелирам е да бидеме мирни и достоинствени, бидејќи МВР ќе направи сè за да биде во најдобар ред одбележано раѓањето на великанот на македонската национална борба – Гоце Делчев, кажа Ковачевски.
Ново на Сител
-
Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија
-
Јас пцујам ама не крадам | Пeтар Богојески | Неформално | Sitel Podcast 095
-
Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин
-
Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци
-
Мицкоски најави нов договор со друга европска држава
-
Љутков: Разловечкото востание е темелот на нашата држава, историја што не смееме да ја заборавиме
-
Мицкоски: Трикови околу цените на храната нема да толерираме
-
Лимани: Над 700 вработувања на Албанци имаше кога бев заменик директор на електрани