Почнува расправата по ребалансот на Буџетот

Во Собранието денеска ќе започне расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2015 година, што Владата го усвои во петокот.
На седницата на матичната Комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година. По предложениот ребаланс ќе расправа и Законодавно-правната комисија.
Целта со предложениот ребаланс е да се обезбеди засилена развојна компонента и задржување на социјалната стабилност. Причина за ребаланост на буџетот се вишокот средства од над 10 милијарди денари на приходната страна во првите шест месеци од годинава во однос на претходната година.
- Ребалансот не вклучува кратење на буџетите на ни еден буџетски корисник, туку претставува поместување на одредени позиции таму каде поради одредени политики, мерки и активности треба да се додадат средства или каде проектите се одвиваат подобро од што првично се планирале. Појдовните претпоставки за изработка на ребалансот вклучуваат и ревидирање на проекциите за БДП и за движењето на приходната и расходната страна, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по усвојувањето на ребалансот од страна на Владата.
БДП за 2015 година е ревидиран на 3,5 процентен раст, а буџетскиот дефицит ќе изнесува 3,6 проценти од БДП.
Буџетот во првата половина од годинава е во добра кондиција. Приходите се повисоки за околу 14 отсто во однос на тој период 2014 година, а во однос на планираните за 6 отсто.
Се издвојуваат дополнителни 1,2 милијарди денари за повеќе проекти. Дополнителни 370 милиони денари се предвидени за забрзување на изградбата на гасоводот Клечовце – Штип. Дополнителни 377 милиони денари се планирани за изградба на водоводи и канализации. Нови 220 милиони денари за изгрдба на училишта и спортски сали во училиштата. Дополнителни средства ќе има и за реновирањето на студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Предвидени се средства за зголемување на студентските стипендии, социјалната помош, како и за најавеното зголемување на пензиите во октомври.
Ново на Сител
-

Пиштол пронајден кај 15-годишен ученик во средно училиште во Тетово
-

Мицкоски: Новиот Законот за јавни набавки става крај на манипулациите и свесното уривање и одолговлекување на тендерските процедури
-

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула - од сега очекувам само раст и поинтензивен развој
-

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на Украина од Донбас во замена за членство во НАТО
-

Николоски: Се повеќе патници на аеродромите во Скопје и Охрид, ги срушивме сите рекорди како резултат на паметните политики
-

Неуспешен тест на „СпејсЕкс“ со ракетата „Старшип“, првиот сегмент на ракетата заврши во морето
-

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
-

Николоски: Делницата Извор-Врбјани наскоро во функција, автопатот Кичево-Охрид до мај целосно завршен
