Поројниот дожд предизвика поплави во Окленд
Поројниот дожд на Нов Зеланд предизвикаа поплави во најголемиот град, Окленд.
Цивилната одбрана на Нов Зеланд ги предупреди околу 1,6 милиони жители на Окленд да се засолнат од надојдената вода.
Според Националниот институт за истражување на водата и атмосферата во Окленд наврнале 80 проценти повеќе од просечните летни врнежи.
– Можно е во делови на Окленд да наврне дожд во еден ден колку за цело лето, соопшти Институтот.
Пожарникарите и итните служби соопштија дека екипите реагирале на повеќе од 1.000 повици за помош од луѓето погодени од дождот. Пожарникарите користат кајаци и џет скии за да ги спасат луѓето заглавени во домовите во делови од Западен Окленд.
Поради дождот и поплавите откажан е и концертот на Елтон Џон, само неколку моменти пред пејачот да излезе на сцена.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата