Жестоки руски ракетни напади врз Украина по објавата на САД и Германија за испраќање тенкови
Над 30 проектили утрово биле истрелани од руска страна кон цели во Украина, од кои дел и врз главниот град, ден по одлуката на САД и Германија да му испорачаат на Киев борбени тенкови.
-Нашите системи за воздушна одбрана соборија дел од ракетите, информираше украинската армија, истовремено предупредувајки дека Москва се подготвува да изврши масовен ракетен напад со употреба на авиони и бродови.
Најмалку едно лице загинало во воздушните удари врз Киев, соопштија тамошните локални власти. На мета е и Одеса, а ударите се случија помалку од 24 часа откако УНЕСКО го прогласи историскиот дел на градот за светско наследство во опасност, и покрај противењето на Москва.
Војната влезе во 337 ден, а украинскиот претседател синоќа порача дека не е заинтересиран за преговори со шефот на Кремљ , нарекувајки го никој и ништо.
-Ти одамна престана да му биде достоен соговорник на Путин, возврати портпаролот на Кремљ, потсетувајќи го Зеленски за неисполнетите предизборни ветувања за решавање на ситуацијата во украинскиот регион Донбас и исполнување на договорите од Минск.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар