Левица: Во должничко ропство со кредитите на владата на СДС и општините на ДПМНЕ
Откако СДСМ е на кормилото на Репбулика Македонија, од 2017 година јавниот долг е пораснат за 2.85 милијарди евра. Расчеречувањето и парализирањето на економијата се случува наменски, преку задолжувања и корупција на сите нивоа на власт.
Минатогодишната победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори не доведе во ситуација каде на централно и локално ниво кохабитираат двете најголеми партии, истовремено работејќи на финансиска штета на државата, хранејќи ги сопствените структури.
Општина Аеродром на чело со ДПМНЕ важи за една од најголемите и најбогатите општини во нашата држава, која за прв пат во својата историја се задолжува со 5.4 милиони евра во период кога каматните стапки се зголемени а народот гладува!
Задолжувања на градоначалниците на ДПМНЕ има и во Гевгелија со 850 000 евра, додека во Штип има два обиди за задолжување од 4 милиони евра, и во Кочани за пола милион евра.
Двете најголеми политички партии кои заедно со ДУИ во ротација се дел од постојаната власт во изминатите децении, безидејно и безизлезно се задолжуваат со огромни кредити кои ќе требаат идните генерации да ги отплатат, со што народот станува заложник на странските финансиски центри кои ќе го диктираат начинот на исплата и поради што ќе се наметнуваат мерки на штедење.
Левица
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје