Ковачевски: Европската агенда е наша стратешка цел, нема да дозволиме ништо да ја загрози
Европската агенда е наша стратешка цел, нема да дозволиме ништо да ја загрози, истакна премиерот Димитар Ковачевски на деншната седница на Советот за безбедност, свикана од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски.
На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, се разговараше за актуелната безбедносна состојба во државата, во регионот и во поширокиот евроатлантски простор, вклучувајки ја и ситуацијата во Украина и во тој контекст, за првите недели од претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, каде што членуваат 57 земји членки, вклучувајки ја и Руската Федерација.
Посебен фокус е ставен на добрососедските односи, кон што, Република Свеерна Македонија е искрено посветена, во духот на европските вредности.
На седницата на Советот за безбедност, премиерот Ковачевски, ја сподели оценката со претседателот на државата, Пендаровски дека не смее да се дозволи, европската агенда, што е стратешка цел на нашата држава, како и билатералните односи со соседна Република Бугарија, да станат жртва на националистички и популистички политики, од која и да е страна.
Премиерот Ковачевски, на состанокот ги посочи европските перспективи на нашата држава како прашање од значење за стабилноста и економскиот развој на Северна Македонија, но и за стабилноста и безбедноста на целиот регион и посочи на потребата од одговорно однесување од сите политички лидери и субјекти, во реализацијата на оваа државна, стратешка цел, што е очекување и на мнозинството граѓани во нашата држава.
Ново на Сител
-
Пијан кривопаланчанец три пати со нож избол 22-годишна девојка во вратот
-
Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење
-
Бислимовски: Треба да им се помогне на комуналните претпријатија, но и тие треба да ги оптимизираат трошоците
-
Трамп го повика Путин да запре со „бесмислената војна“ во Украина
-
Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
-
Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво
-
Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД