Детектор: Македонија полошо се справува со кризата од земјите во регионот
Над половина од граѓаните или 51,2% сметаат дека Македонија полошо се справува со недостигот на енергенси поради војната во Украина во однос на земјите од регионот, покажува најновата анкета која за Детектор ја изработи Институтот за политички истражувања – Скопје.
Разлика не гледаат 30,4% од анкетираните а 7,5% сметаат дека земјава подобро се справува од земјите во регионот.
Став делат и 90% од анкетираните земјоделци.
55,4% од граѓаните велат дека мерките за штедење на енергија кои ги воведе владата за да се намали потрошувачката не даваат резултат, додека 37,6% сметаат дека тие имаат ефект. Меѓу граѓаните кои водат бизнис или се самовработени 68,4% сметаат дека ефект од штедењето нема, став кој го делат и сите анкетирани земјоделци.
Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.
Ново на Сител
-

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници
-

Цветинова награда за мир за Доналд Трамп
-

Нов Зеланд со огномети и јавни настани ја дочека Новата 2026 година
-

Новогодишен воз на Железници Транспорт на 2, 3 и 4 јануари
-

Запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети во акција на мобилен царински тим
-

Поранешниот директор на затворот Шутка Филип Андов - Сокол осуден на осум месеци затвор
-

Многу студена новогодишна ноќ, силен северен ветер и температури до -15 степени
-

Над 6.000 парчиња пиротехника запленета на Бит Пазар
