Македонија
11. January 2023 - 16:42

Што се зборувало на Тиранската вечера?

Секој кој ќе ни помогне со Уставните измени како начин да се деблокираат интеграциите е добредојден. Премиерот вчерашната вечера на Рама со албанските политички лидери во Тирана ја смета за позитивна и покрај тоа што за промена на највисокиот правен акт на Македонија се дебатира во Албанија

А дека промената на Уставот била една од клучните теми вчера по средбата потврди и лидерот на Алијанса додека Ахмети констатираше дека Брисел е заедничка цел и за Македонија и за Албанија порачувајќи дека без Албанците нема да ја има ниту Македонија
Да, меѓу другото разговаравме и за уставните измени. Познато е дека нема ниту еден лидер на албанска политичка партија во Македонија кој не ги поддржува уставните измени, со единствена цел во ноември да почнат реалните преговори со ЕУ, рече Тараври
Средбата со премиерот Рама помина во позитивен и братски дух. Иднаната на двете земји е во ЕУ, предивзците со кои се соочуваат двете земји се заеднички. Оваа фаза е многу тешка. Стандардите на двете земји мора да се усогласат со оние на Европската Унија – рече Ахмети

Неофицијално, покрај промената на Уставот на средбата со Рама се договорило приоритет да биде официјализирањето на албанскиот јазик заедно со констатацијата дека во овој момент албанските партии со ова барање не треба да условуваат други процеси..
На средбата иако поканет на присуствуваше само Касами. Во писмено соопштение му порача на Ахмети дека Рама не може да го спаси од поразот кој му следи на следните избори, без разлика кога тие ќе се организираат.
Во ВМРО-ДПМНЕ се сомневаат дека од Тирана Ахмети ќе му донесе нови услови на Ковачевски.

Средбата на албанските политички лидери со Рама доаѓа во време кога Ахмети се соочува со сериозна внатрепартиска криза предизвикана од огнената група, во ситуација во која Таравари е се подалеку од засилување на владејчакото мнозинство, а опозицијата се заканува дека на крајот на месецот и официјално ќе предложи распуштање на Собранието.
Рама за средбата информираше само преку социјалните мрежи каде објави слика на која наздравуваа со црвено вино. Покрај виното и политичките теми, на менито на тиранската вечера имало лосос и салата, а за десерт била послужена торта.