Поглаварот на Руската православна црква пристигна во посета на Куба

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот московски и серуски Кирил, пристигна во Хавана во неколкудневна посета на Куба.
На аеродромот во кубанскиот главен град, рускиот патријарх беше пречекан од претседтелот на Куба, Раул Кастро и други виски кубански функционерии.
Патријархот Кирил во кусата изјава дадена на аеродромот рече дека ова не е негова прва посета на Куба.
Засега не е познато какви активности ќе има Кирил во Куба, чие население и припаѓа на католичката вероисповест, иако во изминатите 50 години од комунизмот властите форсираа атеизам.
Најзначајниот дел од неговата посета на островот ќе се случи денеска, кога рускиот патријарх ќе се сретне со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, кој кусо ќе се задржи во Хавана, на својот пат кон Мексико.
Средбата меѓу папата и рускиот патријарх има историско значење, затоа што тоа ќе биде прва средба на еден римоки понтиф со поглавар на Руската црква од поделбата на Хриситјанството од пред 962 години
Средбата ќе се одржи на хаванскиот аеродром „Хозе Марти“, по што е предвидено двајцата црковни великодостојници да потпишат заедничка декларација.
Не се очекуваат никакви спектакуларни резултати од средбата, но се смета за значајно тоа што таа претставува јасен сигнал дека непризнавањето и студенилото во изминатите безмалку илјада години, ќе биде заменето со затоплување на односите и со сосема нови гледања на РПЦ, како најголема праволсана црква, кон Ватикан.
Странски набљудувачи во Хавана оценуваат дека „историската средба“ сигурно е договорена со благослов и со потик од Кремљ и од рускиот претседател Владимир Путин кој неколкупати го има посетено Ватикан.
Ниту еден папа досега не бил во посета на Русија.
Ново на Сител
-

Трамп го претстави логото на Одборот за мир, слично на ОН но со повеќе злато
-

Агелер до македонските граѓани: САД секогаш ќе бидат покрај вас
-

Туск: Важно е САД да ја сфатат разликата помеѓу доминација и лидерство
-

Мицкоски пред инвеститори во Давос ги презентирал проектите „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“
-

Невремето „Хари“ предизвика огромни штети во Италија
-

Трамп по средбата со Зеленски му порача на Путин: Војната во Украина мора да запре
-

Франција пресретна руски танкер од „флотата во сенка“ во Медитеранот
-

На состанок на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, утврдена потребата за формирање работна група за измени на Законот за еднакви можности
