ВМРО-ДПМНЕ: Оваа година функционерите на СДС и ДУИ беа фрлени на лично богатење

Оваа година функционерите на СДС и ДУИ беа фрлени на лично богатење, јавноста откри дека криеле тајни имоти, хациенди, куќи и станови
Таче и Али имаат година со 365 скандали. Изминатата година беше година на осиромашување на граѓаните, колапс на економијата, енергетиката, образованието, здравството, земјоделството од една страна и богатење на функционерска елита на власт.
Еден од поголемите скандали во оваа година е аферата Тајни имоти, која обелодени дека 123 државни функционери, директори и раководители на институции и комисии не пријавиле имот вреден 30 милиони евра, иако тоа им е законска обврска. Тие поседуваат куќи, станови, викендици, автомобили и деловни простории кои ги криеле од јавноста и не ги пријавиле во Антикорупцискаа комисија.
Како еден од најеклатантните примери за ваков случај на непријавен имот е хациендата со базен, кој патем е и дивоградба, на министерката за одбрана Славјанка Петровска. За овој случај покажавме и евидентен лист од Агенцијата за катастар и сметка за вода на нејзино име и ја повикавме Петровска да демантира со прикажување на евентуален купопродажен договор ако го отуѓила имотот.
Ни Славјанка стана да одговори, ни Таче и побара одговорност. Сите капацитети им беа насочени во личното богатење, матни зделки или вдомување на свои роднини во државните институции. Ете затоа во здравството нема лекови за пациентите, па мора да набавуваат од Косово или Србија. Ете затоа секој втор млад човек сака да замине во странство. Народот не сака веќе ваква криминогена власт да ги понижува. Не сака да слуша примитивци како Талат Џафери како пцујат и навредуваат.
Оваа власт на Ковачевски и Ахмети е антинародна, и колку побрзо се одржат избори, толку побрзо ќе си замине.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
