Огнената група на ДУИ најави битка до крај
ДУИ не реализираше над 95% од ветувањата. Ги изгубивме сите албански општини на локалните избори а албанската опозиција веќе има подобар рејтинг од нас. Меџити ги фрли ракавиците и реши борбата со ДУИ од Мала Речица да ја префрли пред камерите. Рече ќе води принципиелна и демократска војна со актуелното раководство. Вели со Груби не може да се работи а за Ахмети, нема дилема дека треба да ја води партијата
Меџити вели дека неговата војна со партијата нема да биде притисок за предвремени избори. Нема намера да формира фракции ниту да дава поддршка за предвремени избори. Додава дека тој и натаму е дел од мнозинството иако бланко поддршка ќе даде само за стратешките прашања
На првата јавна прес конфернеција на огнената група зад Меџити застанаа градоначалниците на Чаир и Сарај, екс генералниот секретар на Владата Муса Џафери, поранешниот градоначалник на Гостивар Бејта но и пратеникот Кастриот Реџепи кој ја спаси Владата на Заев кога побегна од БЕСА.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
