Васко Ковачевски: ЕСМ годинава го зголеми производството за 27 отсто, догодина планирани уште 20 проценти раст
– ЕСМ оваа година, во услови на криза, отежнатост на работа и недостиг на енергенси, го зголеми производството на електрична енергија за 27 проценти, а за 2023 година планира раст на производството за уште 20 остсто споредено со годинав, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на состанок со фирмите членки на Стопанската комора на Северна Македонија.
– Иако законот за 2022 година предвидуваше да обезбедиме 60 отсто од електричната енергија, сепак по препорака на Владата ние обезбедуваме 100 проценти и дополнително обезбедуваме енергија за загубите за „Електродистрибуција“ и МЕПСО, за училиштата, јавните претпријатија и прехранбената индустија и други витални институции во државата, рече Ковачевски.
Тој ги информира присутните за состојбата со домашното производство на електрична енергија и дека ЕСМ целосно, со сопствено производство, ги снабдува граѓаните и малите потрошувачи, односно регулираниот пазар.

Генералниот директор соопшти дека во овој момент работат сите капацитети во државата освен Блок 3 на РЕК „Битола“, кој ќе биде ставен во употреба за 10-тина дена.
– Во исто време ќе работат три блока во РЕК „Битола“, РЕК „Осломеј“, ТЕЦ „Неготино’ со полн капацитет и гасната електрана „Енергетика-Когел“ со полн капацитет, односно се е ставено во употреба во услови на криза, нагласи Ковачевски.
Според него, потребно е да се најде начин да се обезбедат дополнителни ресурси за да се обезбеди дополнителна електрична енергија за стопанството, односно да се помогне со пониски цени на струјата, со оглед на тоа што кризата ќе биде присутна и следната година и никој не може да знае кога ќе заврши, а државата мора да биде подготвена.
Ново на Сител
-

МВР официјално за трагедијата кај Богданци: На двојната смрт и претходела кавга меѓу малолетничката и нејзиното момче
-

Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв
-

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба
-

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија
-

Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
-

Познат идентитетот на починатите во Богданци: Билјана (17) и Виктор (21) – обвинителството се сомнева на убиство и самоубиство
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
