Зголемен бројот на мозочни удари во Делчево

Двојно зголемување на бројот на пациенти со мозочни удари е регистрирано минатиот месец во Делчево споредено со декември минатата година, покажуваат податоците од евиденцијата на Итната медицинска служба.
Во јануари се евидентирани околу 20 случаи, но во февруари веќе има четворица пациенти со мозочни удари од кои два завршиле фатално. Сите се транспортирани до најблиските болнички центри.
Неврологот Лидија Стоичовска од Здравствениот дом од Дечево информира дека бројот на мозочните удари е зголемен, но најмногу загрижува фактот што се намалува старосната граница кај пациентите.
- Загрижувачки е што старосната граница е спуштена. Имавме пациент со 26 години, но и уште помлад со 23 години, кај што имаше мозочно крвавење. Младите многу потешко ги поминуваат мозочните удари, доколку ги преживеат, за разлика од постарите каде имаме помал испад на моторен план. Младите пациенти со мозочни удари можат да останат и неподвижни, рече Стоичовска.
Ризик- факторите за мозочните удари се бројни, но во последно време тука се впишуваат и темпратурните разлики. Таа апелира за редовни здравствени контроли со цел превенција на мозочните удари.
- Постојат фактори на кои можеме да делуваме и доколку вршиме редовни здавствени контроли, контрола на нивото на шеќерот во крвта, висината на крвниот притисок, намалување на дебелината, зголемена физичка активност, мислам дека ќе се постигне успех, истакна Стоичовска.
Во Македонија, но и во светски рамки, застапеноста на мозочните удари кај популацијата е на трето место, по срцевите и малигните заболувања. Но, според лекарите, загрижувачка е тенденцијата на нивната позачестеност и поместувањето на старосната граница.
Ново на Сител
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
