Мицкоски: Стево Пендаровски се однесува како аналитичар без да презема конкретни чекори
Стево Пендаровски изминатиов период се однесува како аналитичар без да презема конкретни чекори. Често ќе го видите во јавност како ќе се залета па кога ќе добие по чело ќе ретерира 2-3 чекори назад, затоа што не му е важно дали ќе биде допадлив за народот, туку дали ќе биде допадлив за владата на ДУИ и СДСМ од која очекува поддршка за следен мандат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при посетата на општина Аеродром, одговарајќи на новинарско прашање за работата на Пендаровски и неговото обраќање во Собрание.
Мицкоски истакна дека ќе го видите како на моменти ќе направи чекор напред и откако ќе добие по чело се враќа наназад, но никаде нема да видите дека се прави нешто за да се гарантира безбедноста во Македонија.
– Државата тоне во инфлација, криминал и корупција, здравството е катастрофа, учениците немаат учебници, дојави на бомби секој ден, а тој се иззема од одговорност иако има цела агенција за разузнавање под негова ингеренција. Не сум слушнал никаков коментар, освен што ја следат опозицијата и мене лично дали воопшто прават нешто за да ја обезбедат безбедноста на граѓаните и Македонија, неговите кадри поставени во агенцијата за разузнавање, потенцира Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека Стево Пендаровски е срам за функцијата која ја врши и тој е ништо повеќе од партиски полтрон на позицијата претседател на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Приведен 40 годишник од Пробиштип кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка
-

СЗО предупреди дека случаите на рак на глобално ниво би можеле речиси да се удвојат до 2050 година
-

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Три случаи на семејно насилство во Штип, Свети Николе и Македонска Каменица
-

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ
-

Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
