Велешанецот кој усмрти 11-годишно девојче во Велес бил пијан - од денеска е во притвор
Триесет дневен притвор доби 29 годишниот велешанец кој викендов прегази девојче и нејзината мајка на пешачки премин во Велес. Одлуката вчера доцна вечерта ја донел судија на претходна постапка откако претходно тоа го побара надлежното јавно обвинителство.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, пишува во соопштението на велешкото обвинителство.
Во него се наведува дека велешанецот под дејство на алкохол со голема брзина удрил жена и дете на пешачки премин во Велес. Од ударот 11 годишното дете било отфрлено десетина метри подолу на коловозот при што починало на лице место. Неговата мајка се здобила со тешки телесни повреди.
По ударот велешанецот кој бил со уште 3 лица во Мерецедесот не застанал да помогне и побегнал од местото на настанот. По еден ден во бегство полицијата го приведе и тој веќе се наоѓа во истражниот затвор во Скопје.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
