Ковачевски: Да ги добиеме информациите за долгот, па можно е да се сретнеме со превозниците во Скопје
– Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека е можен евентуален состанок со претставниците на приватните автобуски превозници во Скопје. Ковачевски ја поздрави нивната одлука да ги тргнат автобусите од улиците на главниот град.
-Можеме да организираме состанок со цел да видиме дали може да се помогне во определени сегменти, но откако ќе ги добиеме потребните информации, бидејќи, нагласувам, Владата нема информации за каков должничко-доверителски односи станува збор, рече Ковачевски.
За проблемот со јавниот превоз исклучива надлежност има Град Скопје, рече премиерот и потенцира дека со вицепремиерот Фатмир Битиќи е разговарано за евентуален состанок за да се согледа дали може да помогнат во некој сегмент.
-Но најпрво треба да добиеме информации за проблемот. Како и да е, организирањето на јавниот превоз и во иднина е во надлежност на Градот, зашто во поглед на децентрализацијата нема да се враќаме назад 20 години, рече Ковачевски на прес-конференција во Владата.
Во Скопје, повтори тој, власта ја имаше добиено ВМРО-ДПМНЕ која ветуваше бесплатен автобуски превоз, дури и производство на електрични автобуси, но од тоа, посочи Ковачевскји, нема ништо, туку се бара и помош од Владата.
-Помогнавме со преземањето на парното греење во Скопје, зашто Градот се покажа неспособен. Сега доколку се бара истото да го направиме и со јавниот превоз, велам дека исклучива е над лежноста на Град Скопје, рече премиерот.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
