-->
-->
Времето утре облачно со повремени врнежи од дожд
-->

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните и северните делови. Ќе дува слаб, а на повисоките места умерен ветер, претежно од западен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од еден до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. На повеќе места ќе дува умерен повремено и засилен јужен ветер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
