МЖСПП: Завршуваме со чистењето на линданот од Охис со УНИДО, продолжуваме со УНОПС

Mинистерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи денеска го одржаа завршниот настан од проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на активности за чистење на локациите контаминирани со изомери на линданот во ОХИС“.
Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, министерот Насер Нуредини, во своето воведно обраќање на настанот истакнал дека од клучно значење за успешната реализација на проектот била соработката на Владата на РСМ со сите релевантни чинители во земјава во сите фази на проектот.
– Беа потребни повеќе од 15 години за да се создадат услови за спроведување на еден ваков специфичен проект, во кој се работи со високо токсичен материјал складиран во близина на урбана средина. Сепак, задоволство ми е да потврдам и дека во рамките на овој проект успеавме да ги исполниме сите планирани цели и задачи, како и одржливост на активностите за понатамошното чистење на останатиот дел од малата депонија, со мобилизирање на средства и од други извори на финансирање, истакнал Нуредини.

Како што се наведува во соопштението имплементацијата на проектот започнала во 2015 година, а во текот на седумгодишниот период реализирани биле неговите главни зацртани цели: воспоставување правна рамка, подобрување на политиките и зајакнување на институционалните и технички капацитети за управување со контаминираните локации, како и воспоставување на финансиски и технички одржлив механизам за обезбедување на средства за продолжување на активностите до конечна ремедијација на контаминираната локација на HCH и други загадувачи во кругот на ОХИС.
-Завршна фаза на целиот процес беше транспортирањето на отпадот и негово конечно отстранување од Македонија, преку соседна Република Грција до Франција и Холандија, каде се спроведе дополнително согорување или ремедијација на отпадните материи и почва. Но, чистењето на линданот и неговите изомери од малата депонија во Охис продолжува, при што имплементациона единица ќе биде УНОПС, а средстава се обезбедени преку Мултипартнерскиот Фонд за животна средина, специјално наменет за чистењето во ОХИС, во кој несебично контрибуираа Кралството Норвешка и Владата на РСМ, но и самото Министерство од сопствениот буџет, а финансиска поддршка даде и Европската делегација, стои во соопштението.
Проектот е имплементиран преку UNIDO како имплементациона агенција, во соработка со проектната канцеларија за перзистентни органски загадувачи (POPs) при Министерството за животна средина и просторно планирање, а е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF).
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
-

Блокадата над населбата Баир во Битола заврши, се расчистуваат поставените препреки
-

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага
-

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина
-

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
