Во Германија запленети 2.100 лажни часовници наменети за Македонија
Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници во транзитна пратка за Македонија се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, јави дописникот на МИА од Белград..
По запленувањето се појавија сомнежи за автентичноста на ваквите вредни предмети кои пристигнале со пратка од Хонг Конг.
Дванаесет пакети биле на пат кон Северна Македонија, а биле транспортирани преку аеродромот во Германија.
-Да беа оригинали, часовниците би вределе околу 176 милиони евра, се вели во соопштението на царинската служба, пишува Дојче веле.
Цариниците ги пронашле часовниците во октомври, но квалитетот на фалсификуваните часовници бил толку висок што царинската служба побарала мислење од 11 производители на луксузни часовници.
-Често лажните часовници не можат да се препознаат на прв поглед, а единаесет изворни производители го потврдија сомнежот дека се работи за фалсификати, изјави Кристи Штрас, портпаролка на царината на аеродромот во Франкфурт.
Таа додаде дека лажните часовници веќе се уништени.
Минатата година главниот царински оддел во Франкфурт покрена постапки за дури 8.958 гранични заплени.
Царинските службеници запленија часовници, лекови, телефони, електроника, облека, обувки, но и производи за лична нега и играчки за деца.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот