Дебата: Полицискиот интегритет основа за почитување и доверба

Високиот полициски интегритет е основа за создавање меѓусебно почитување и доверба помеѓу граѓаните и полицијата и има голема улога во ефективната борба против криминалот и корупцијата.
Ова денеска го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на работилницата за „Планирање и менаџирање на интегритет“ и додаде дека полицијата е еден од инструментите на сила на државата во функција на спровеување на законот и владеење на правото.
- Од особена важност за Министерството за внатрешни работи е полициските службеници добро да го познаваат Прирачникот за полицискиот интегритет и да работат на негово континуирано унапредување. За таа цел заедно со Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили се спроведува и овој проект, а се во насока на изготвување на квалитетен и сеопфатен План за интегритет, истакна Спасовски.
Со имплементација на Планот за интегритет, додаде тој, Министерството има за цел да даде насоки на широк круг вработени, почнувајќи од оние кои ги донесуваат одлуките, раководниот кадар на високо и средно ниво, па се до полициските службеници кои непосредно и секојдневно се во контакт со граѓаните.
Потенцира дека императив на неговото понатамошно работење ќе биде јакнењето на интергритетот на вработените во Министерството. Спасовски нагласи дека од вработените во МВР, кои како истакнати професионалци и со долгогодишно искуство во полициското работење, очекува со своето знаење и искуство на најдобар начин да придонесат во идентификување и проценка на ризиците за појава на корупција и други форми на несоодветно однесување.
Помошникот на министерот за внатрешна контрола и професионални стандарди Анета Станчевска во своето излагање информира дека Министерството за внатрешни работи од 2013 година почнало со активности за реализација на проектот за полициски интегритет.
- Очекувањата од овој проект се дека преку имлементација на препораките изнесени во публикацијата Прирачник за полициски интегритет ќе се подобри професионалноста на полицискиот кадар во справувањето со корупцијата, како и подигање на интегритетот на вработените во МВР. Одделот за внатрешна контрола, криминилаистички истраги и професионални стандарди како организациска единица во чии надлежности е и интегритетот, е задолжане за реализирање на активностите коишто произлегуваат од проектот, нагласи Станчевска.
Појасни дека целта на проектот е да дадат насоки на широк круг на вработени во Министерството за внатрешни работи, почнувајќи од оние коишто донесуваат одлуки, раководен кадар на високо и средно ниво, па се до полициските службеници кои непосредни и секојдневно се во контакт со граѓаните за важноста на интегритетот и во почитувањето на демократските стандарди.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
