УЈП и Финансиската полиција го чешлаат Карфур
Управата за финансиска полиција отвори предистражна постапка за хипермаркетот „Карфур“, објави порталот Фактор. Од Управата посочуваат дека се испитуваат сите наводи изнесени во медиумите и ќе се утврдува дали сопствениците на хипермаркетот сториле кривично дело.
Финансиската полиција влезе во двете фирми, „ЦМС Балканс“ ДООЕЛ Скопје и „ЦМС Сервицес“ Скопје, преку кои овој бренд беше присутен во Македонија. „ЦМС Балканс“ ДООЕЛ Скопје е отворена кон крајот на 2011 година, а „ЦМС Сервицес“ Скопје од септември лани. Како управители се јавуваат Леонидас Маринопулос и Георгиос Вогиацакис. Истата грчка компанија ЦМ Балканс Б.В на 28, септември 2015 отвора нова фирма во Скопје, под името ЦМБ Сервицес.
И таму како управител се јавува лицето Георгиос Вогиацакис. Новата фирма се отвора токму во времето кога наголемо почна да се зборува за затворање на супермаркетот Карфур. Останува нејасно зошто токму во периодот кога беше повеќе од јасно дека хипермаркетот се соочува со финансиски проблеми и е пред затворање, раководството отвора нова фирма. Според податоците на Фактор, Карфур последните неколку години прикажувал загуби. Односно, во 2014 загубата била еден милион евра, а во 2013 година загубата била два милиони евра.
„Отворена е предистражна постапка и по предметот се постапува. Се испитуваат сите наводи изнесени во медиумите и сите фирми што се доведуваат во врска со работењето на споменатиот синџир маркети. По завршувањето на постапката јавноста ќе биде информирана дали евентуално се утврдени елементи на сторени кривични дела од сопствениците или управителите на фирмите што оперирале во Македонија“, велат за Фактор од Управата за финансиска полиција.
Од Управата за јавни приходи пак посочуваат дека го следат и го контролираат даночното работење на сите субјекти (даночни обврзници) во рамките на своите надлежности, вклучувајќи го и посочениот субјект, но дека не смеат да откриваат детали и информации.
Хипермаркетите на „Карфур“ во Скопје и во Тетово се затворени. Вработените од двата маркети сега се отпуштени и си ги бараат заостанатите две плати.
Ново на Сител
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден