Казнети се учениците кои и го тргнаа столчето на наставничката во српски Трстеник
Наставничкиот совет на Техничкото училиште од Трстеник донесе одлука да ги исклучи учениците кои ѝ го тргнаа столчето на учителката и сето тоа го снимија, а подоцна и го објавија на социјалните мрежи.
„Срцето ми е полно, благодарам на сите што бевте со мене“ – беа првите зборови на учителката Марија Стевановиќ од Трстеник, која беше жртва, а во врска со која денеска наставничкиот совет донесе одлука за исклучување на учениците од Техничкото училиште.
Професорката Марија за Телеграф.рс се заблагодари на сите што биле со неа.
За потсетување, цела Србија брзо дозна за инцидентот од Трстеник бидејќи еден од учениците од класот на социјалните мрежи сподели видео од наставник чиј ученик тргнува стол и таа паѓа на подот.
Професорката изјави дека најтешко ѝ било што никој не ѝ пружил рака или каква било помош во тој момент.
Видеото се појави на социјалните мрежи и може да се погледне на „Курир.рс“.
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани