Бектеши: Утврдени лажни фактури во увозот на пелети, надлежните да постапат соодветно
– Министерството за економија утврдило дека се доставуваат лажни фактури во делот на увозот на пелети. Затоа, како што соопшти денеска министерот Крешник Бектеши, трговците на мало и на големо со пелети се жалат на цената која е замрзната.
Според Бектеши, цената на пелетите не ја утврдува Министерството за економија, а лажните фактури се кривично дело за кое треба да следуваат санкции и надлежните институции мора да постапат соодветно.
-Цената на пелетите не ја утврдува Министерството за економија, тоа доаѓа како предлог од „Македонски шуми“ и од страна на цените од Царинската управа. Цената пријавена во Царинската управа е 24 денари за килограм. Ако тие доставиле лажни фактури и направиле договори со производителите во странство. Ги повикувам УЈП и Секторот за надзор во Царинската управа веднаш да постапат и да ги контролираат и да бидат санкционирани. Ако кај нас се доставуваат 24 денари, а тие не можат да продаваат со 27 денари, тогаш тие фактури кои се пријавуваат во Царинската управа, јас како министер одговорно кажувам дека се лажни и тоа е кривично дело по кое треба да постапуваат надлежните органи, истакна Бектеши по средбата со производителите и со претставниците на најголемите ланци маркети.
Ново на Сител
-
Трамп подготвува нови санкции против Русија ако не се постигне примирје до крајот на април
-
Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора
-
Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија
-
УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
-
Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор
-
Трамп: Русија треба да се размрда