Маричиќ: Заемната соработка со Албанија ќе го направи процесот на преговори со ЕУ поефикасен и побрз за двете земји

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ заедно со главната преговарачка со ЕУ за Република Албанија, Мајлинда Дука потпиша Меморандумот за соработка за прашањата поврзани со интеграцијата во Европската Унија, во рамки на втората меѓувладина седница на Македонија и Албанија, која се одржа денес во Скопје.
– Со Република Албанија остануваме и понатаму во евроинтегративниот процес давајќи несебична поддршка едни на други, и на политичко и на техничко ниво. Работиме заедно и имаме видлив степен на соработка и блискост и помеѓу нашите тимови на експертско ниво, кога сме во Брисел. Денеска го официјализираме тоа што го разговаравме на последната средба со мојата колешка Мајлинда Дука, посочи вицепремиерот Маричиќ.
Според него, Меморандумот за соработка за прашањата поврзани со интеграцијата во Европската Унија е инструмент за институционализирање на соработката помеѓу Северна Македонија и Албанија кој ќе им помогне на двете земји подобро да се подготват за пристапување во Европската Унија како полноправни членки.
Вицепремиерот Маричиќ смета дека Меморандумот ќе помогне во идентификувањето области каде двете земји ќе градат заеднички ставови и ќе бараат заеднички место на масата со земјите членки за процеси кои ги засегнуваат. Меморандумот исто така овозможува, преку размена на знаења, информации, искуства, практики, државни службеници, организирање на заеднички настани, консултации, иницијативи, и преку воспоставување на постапки за координација и редовни состаноци, да се направи процесот на пристапни преговори полесен, поефикасен и побрз.
Маричиќ и Дука се согласија дека ова е уште еден чекор напред кон зајакнување на меѓусебната веќе блиска соработка, и дополнително придонесува кон развојот на пријателските и добрососедските односи меѓу двете земји.
Секретаријат за европски прашања
Ново на Сител
-

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине
-

МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование
-

Заврши лидерската средба
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
-

Трамп: Гренланд ни треба за националната безбедност, НАТО да преземе водечка улога во тој процес
-

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите
-

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме
