ЛДП: Отказот за Кашиковски покажува дека во град Скопје владее режим и едноумие
Во Град Скопје почнува да владее режимот и едноумието на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од Либерално-демократската партија по информацијата на Сојузот на синдикати на Македонија дека претседателот на синдикалната организација на „Водовод и канализација“ Стојанче Кашиковски добил отказ од страна на в.д. директорот на претпријатието Марјанче Митовски.
– Отказот на Кашиковски не само што е спротивна на закон и колективен договор, туку е показател дека кадрите поставени градоначалничката на ДПМНЕ – Данела Арсовска не почитуваат различно мислење во една демократска земја. На граѓаните смачено им е од секојдневни политички драми, тие сакаат да видат засукани ракави и функционални претпријатија, не партии кои ќе прават вработи-отпушти, велат од ЛДП.
Според ССМ согласно Закон и колективен договор на претседателот на синдикат не може да му се даде отказ, особено поради тоа што во моментот се спроведува постапка за штрајк и ваквиот притисок е порака за работниците да бидат послушници на Митовски, кој веќе и им испраќаше и заканувачки пораки на сите работници кои сега се остваруваат и покрај предупредувањето од Синдикатот СУТКОЗ при ССМ што беше и едно од главните барања за разрешување на в.д. директорот.
Потребна е итна седница на Управниот одбор на претпријатието за да се утврди и зошто Митовски не ги спроведува одлуките на ССМ.
Либерално-демократска партија
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
-

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
