Борел ќе се сретне со Курти и Вучиќ со цел смирување на тензиите
Високиот претставник за надворешна политика ќе се сретне со српскиот претседател и косовскиот премиер во Париз каде ќе разговара за намалување на тензиите меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Брисел.
Првиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, денеска ќе отпатува во Париз за Парискиот мировен форум каде утре ќе има одвоени средби со српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти. Ова е прва физичка средба по последниот бран на ескалација меѓу Белград и Приштина.
Портпаролот на Европската Комисија за надворешна политика, Петер Стано, не откри кои пораки Борел ќе им ги пренесе на Курти и Вучиќ, но рече дека целта е да се помогне да се смири ситуацијата.
-Главната цел е да се продолжат напорите на ЕУ да им се помогне на двете страни да ги смират тензиите и да се деескалира ситуацијата, како и да постигнат напредок во дијалогот, посебно после последната ескалација меѓу Косово и Србија, изјави Стано.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Ласкарци - три лица се повредени
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
