Македонија
8. November 2022 - 16:45

Дали Алијанса влегува во Владата?

Координаторот на пратеничката група на СДСМ нема информации дека Алијанса за Албанците ќе биде нов партнер во Владата на Ковачевски.

Информацијата дека ќе се шири владиното мнозинство вчера по завршувањето на лидерската средба ја објави лидерот на Демократскиот сојуз

ВД лидерот на Алијансата вчера не сакаше ниту да ја потврди ниту демантира оваа инфорамција

Парламентарното мнозинство во моментов брои 64 пратеници но во Собранието ретко се собира повеќе од 61, поради што седниците често се одложуваат, а гласањето се случува тогаш кога ќе се обезбеди квроум поради што често се случува во еден ден да се закажат и по неколку седници.