Македонија
6. November 2022 - 16:32
Расте цената на становите: Во Струга 1500 евра квадрат
Растат цените на становите и бројот на одобренија за нови згради во Струга.Метар квадратен на најатрактивните локации покрај Охридското езеро и кејот на реката Дрим достигнува рекордни 1500 евра.
Од пазарот на недвижните посочуваат дека има побарувачка и тоа најчесто од страна на печалбарите.
Во градот на мостовите недостигаат елитни вили и уредени населби со куќи кои ќе се нудат на пазарот.
Поради раст на побарувачката има пораст и на цените но сепак понудата, е ограничена на деловите што се пазарно најинтересни за купувачите.
Цените на становите се зголемени за 30 посто до пред три години на најатрактивните цените на становите се движеa од 600 до 1000 евра за метар квадратен.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->